Инфомакс објави дека Владата богато ќе се гоштева на сметка на граѓаните со егзотични овошја и зеленчуци за кои обичниот граѓанин не може ни да помисли да си ги дозволи и да ги купи. По неколку неделен молк од страна на директорот на СОЗР, Ивица Томовски на прашањата на Инфомакс денес на темата се огласи за БИРН директорот на СОЗР.
Во разговор за БИРН, актуелниот директор на Службата, Ивица Томовски појаснува дека тендерот за овошје и зеленчук е редовна годишна набавка за потребите на рестораните во Собранието, Владата, Клубот на пратениците, кај претседателот на државата, претседателската и премиерската вила во Охрид, и во државните вили во Дојран и на Попова Шапка.
„Количествата се секако претпоставени и не значи дека ние навистина ќе набавиме толку колку што е напишано, или дека ќе земеме од сите производи. Прашуваат зошто сме набавиле папаја, но, ако дојде на пример некоја странска делегација и нарача, зошто тогаш да бараме, кога веќе имаме договор со фирма што ќе ни ја достави. Ќе го платиме само тоа што имаме потреба да ни се донесе. Обично на крајот на годината, исполнетоста на овие тендери е 70 отсто“, вели Томовски.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.