Го купи невестинскиот фустан за само 1.500 денари- но сепак ги стави идните невести на мисла дали вреди да се нарачува преку интернет

Популарната јутјуберка Шенон Харис од Нив Зеланд направи експеримент и со следбениците сподели дали навистина вреди да се купи невестински фустан преку интернет.
Имено таа сакаше да се увери дали навистина толку добро изгледаат венчалните фустани кои многумина невести ги нарачуваат преку интернет.
Првата венчаница која ја проба таа ја чинеше само 1.500 денари.


Иако тоа не било креација која обично таа би ја носела, очигледно била направена за висина на просечна Кинескиња, но се изненадила од квалитетот на материјалот.


Втората венчаница ја чинело некаде 1.800 денари, но била потполно провидна.
Единствената венчаница која и била точна на нејзината висина ја чилено само 900 денари, а чипката била од добар квалитет, а кројот баш како за неа.


Сепак таа нарачала уште една венчаница која им ја покажа на фановите, па откри дека за цена од 1.250 денари би требала да биде реплика на грчка богиња, но сепак ништо не испаднало од тоа.
-Се почувствував како млада во Лас Вегас, а не во Грција, прокоментирала таа.


Сепак таа ги стави на мисла идните невести дали да купат фустан од интернет или не со фотографии од доставениот фустан кој ја чинел само 1500 денари, уверете се самите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.