Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.
Тој бил легален сопственик на двата пиштоли со кој пукало момчето.
Изјавил дека поседува неколку оружја кои ги чувал затворени под шифра, но очигледно детето ја знаело шифрата.
Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, подолг период го планирал масакарот и имало список со имињата на децата кои планирал да ги ликвидира.Списокот и планот на училиштето се пронајдени на неговото биро во неговата соба.
На училиште дошол со оружје што го зел од татко му, но и со 3 рамки полни со по 15 куршуми.
„Според неофицијални информации, тој одел редовно на стрелиште заедно со неговиот татко, тренирал стрелање. Дали во тоа треба да се вклучи дете од 12, 13 години? Против неговиот татко ќе бидат преземени мерките предвидени со закон – објасни министерот Гашиќ.
Ученикот уби седум девојчиња, едно момче и чуварот – училишно обезбедување.
Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјавил дека студентот повикал полиција и рекол: Јас сум Коста Кецмановиќ, и пријавил дека пукал во неколку лица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.