– На 03.06.2024 во периодот од 17.30 до 21.00 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Т.(37), Н.С.(39) и Д.С.(34), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од К.Б.(35) од Скопје дека на 01.06.2024 околу 12.45 часот со патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки го однеле во близина на гробиштата во с.Арачиново, скопско, каде што го држеле без негова волја и физички го нападнале. Tој успеал да избега после некое време, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.