Српскиот пејач Аца Лукас (52) е голем пријател со Цеца Ражнатовиќ, а како што изјавил, иако сега не е толку близок со Јелена Карлеуша, смета дека таа е добар човек, а за кавгата меѓу нив две вели дека е бесмислена.
Аца низ насмевка изјавил дека од помирувањето помеѓу Цеца и Јелена би имал повеќе корист, отколку сега кога тие две не се во добри односи.
– Искрено, јас би сакал да се смират. Дури тоа би било добро за нив две (се смее). Некако, вестите за нивните одења на суд поминуваат покрај нас, не се веќе интересни. Мислам дека би била спектакуларна приказна ако се смират сега – започнал да зборува Лукас за српски Телеграф.
Пејачот го прашале дали „вмешал“ прсти за тие две да се смират, а тој кажал дека ќе ги повика двете во емисија да гостуваат кај него, но дека нема да инсистира да се смират.