Го снимил моментот како го намамува: Застрашувачка сцена од убиството на украински политичар во Москва: –Русија нема да ве заштити

Украинските медиуми објавија вознемирувачки снимки од местото на убиството на поранешниот пратеник Илја Кива, кој пребегнал во Русија.

Изворите на Канал 24 тврдат дека зад „специјалната операција“ стои украинската СБУ и дека акцијата се подготвувала подолго време.

Тажна вест: Почина човекот кој имаше најдолг стаж во НБА лигата
Легендарниот Ал Мекој, човекот со најдолг стаж во НБА лигата почина на 91-годишна возраст. Славниот радио водител и коментатор долги години ги следеше натпреварите на Феникс кој преку социјалните мрежи се …
Босанскиот актер-педофил исфрлен од серијата: „Ги суспендираме сите проекти во кои е, шокирани сме!“
Босанско-херцеговскиот актер Моамер Каумовиќ, осуден за кривично дело блуд на малолетник, остана без вклученост во проектите на кои работеше.Актерот  Моамер Касумовиќ , најпознат по улогата на Дамир Фазлиновиќ во серијата „Луд, збунет, нормален“, е …

На една од фотографиите се гледа телото на опозиционерот како лежи во снегот со дамки од крв наоколу. Медиумите објавија и фотографии од пиштолот закачен на дрвото со кое наводно бил убиен. Објавена е и снимка која наводно ја снимил атентаторот додека чекал да дојде Кива.

Канал 24 пренесува дека Кива е убиен во московскиот регион недалеку од местото каде што снимал пропагандни пораки против Украина. Според извори на Канал 24, Кива бил една од приоритетните цели и бил ликвидиран и покрај бројните обезбедувачи.

– Ова е сигнал до сите предавници и воени злосторници кои заминаа на страната на непријателот. Русија нема да ве заштити – рекол извор од разузнавачките служби.

СБУ се огласи и на својот канал на Телеграм

– Службата за безбедност на Украина спроведува многу успешни специјални операции, тајно и тивко, со цел да им донесе заслужена казна на воените негативци и непријателите на Украина. Шефот на СБУ, Васил Маљук, претходно изјави дека нивната единствена перспектива е смртта, а тоа можеме да им го пренесеме на окупаторите и нивните соучесници. Васил Маљук, исто така, постојано нагласуваше дека непријателите на Украина дефинитивно ќе ги платат своите злосторства пред Бога и пред украинскиот народ според законот и моралот. Состојбата со ликвидацијата на Илја Кива дополнително ги потврдува тие зборови. И сите детали за специјалните операции на СБУ ќе бидат откриени по нашата неизбежна победа – изјавија СБУ.

Кива на 6 декември беше пронајден мртов во Подмосковље во паркот на хотел во селото Супонево. Руските власти соопштија дека на телото се пронајдени две рани од куршуми и најавија почеток на истрага.

Кива, поранешен полицаец и политичар, често се појавуваше во емисиите на руската државна телевизија во последниве години, критикувајќи ги потезите на Киев и упатувајќи обвиненија против украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.