Го стабилизиравме пензинскиот фонд, тврди Заев

Во синоќешното гостување на МТВ премиерот Зоран Заев изјави дека за овие две години, откако СДСМ и коалицијата се на власт, пензиите се зголемени за околу 720 денари. “Знаеме каков бил просекот на пензијата, знаеме колку е сега, сепак тоа е малку“, рече Заев додавајќи дека се работи на тоа да имаме пензински систем кој ќе има пари за пензии на сегашните корисници кои работат, а не само на сегашните пензионери. “Ние го стабилизиравме пензискиот фонд“, потенцираше Заев.
Тој, исто така, додаде дека се донесени мерки со кои се намалени дел од трошоците на граѓаните.
“Каматите паднаа на кредитните линии, трошоците ги намаливме на многу места, ефтина тарифа на струјата, рече премиерот Заев, најавувајќи дека ваквите мерки ќе продолжат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.