Аргентинското обвинителство одлучи да ја ослободи Магда Соледад од Буенос Аирес, која признала дека го убила сопругот Кристијан Сенра (38), бидејќи не можела повеќе да гледа како ја малтретира нејзината 14-годишна ќерка.
Таа се пријавила во полицијата на неверојатен и, би можело да се каже, бизарен начин, кој не се гледа секојдневно.
„Добар ден! Дојдов да се предадам, го убив сопругот. Го обесив со сајла за повеќе да не ми го малтретира детето“, биле нејзините зборови.
Сенра во повеќе наврати ја злоставувал ќерката на Магда, а трагедијата се случила кога сите тројца биле заедно во автомобилот и среде жестока расправија таа го зела јажето за влечење од гепекот и го задавила.
По нејзината исповед, полицијата се упатила кон местото на злосторството и го пронашла мртвото тело.
Магда Соледад оттогаш е во притвор, а еден месец по немилиот настан, неколку феминистички групи организираа протести пред судот барајќи нејзино ослободување, бидејќи според нив таа „легитимно“ делувала, пренесува Си Ен Ен.
Два дена подоцна, по истекувањето на законските рокови за нејзино задржување во притвор, судијата Алесандро Мора донел ослободителна пресуда.
Сепак, истрагата ќе продолжи за да се утврди дали се работи за кривично дело со предумисла, но и да се утврди зошто жената дозволила нејзината ќерка да седи на предното седиште во автомобилот.
Исто така, се чекаат и резултатите од токсиколошките наоди за да се утврди дали жртвата за време на убиството имала недозволени супстанци во крвта.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.