Го фатиле со дрога, но ја голтнал, па починал

На Граничен премин Делчево на влез во Република Македонија, синоќа со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака се пријавил Д.А.(32) од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18 годишно лице од Пробиштип. Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја.


Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал. Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал. Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.