Го хакирал банкоматот и украл брдо пари, па обезбедувањето го запрашало дали му треба помош, тоа што следувало потоа е лудост

Полицајците среде ноќ собрале од улица речиси 10.000 евра по кражба на банкомат покрај канцелариите на хрватската пошта во Сплит, пишува „Слободна Далмација“.
Како што се наведува, неколку часа по полноќ, крадецот дошол до банкоматот и ја разбил дел од предната плоча над екранот, се споил со внатрешната инсталација и од преносниот компјутер давал инструкции на банкоматот за исплата во готово.
Крадецот земал голема количина пари, а притоа не знаел дека се уклучил алармот кој ги известил надлежните од фирмата за обезбедување.
Нивниот работник набрзо дошол на местото на случување, му пришол на мажот и го прашал дали му треба помош.


Крадецот се збунил, па бидејќи ништо не одговорил, од надлежните служби сметаат дека станува збор за странец.
Мажот потоа побегнал, но банкоматот продолжил да ги исфрлува парите на улица.
Повикани биле полицајци кои од лице место собрале речиси 9.500 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.