Грабеж во Лувр, украден е накит

Утрово во музејот Лувр се случи грабеж, објави Рашида Дати, француската министерка за култура.

Инцидентот се случил за време на отворањето на музејот, истрагата е во тек, а деталите и списокот на украдените експонати сè уште не се објавени.

Лувр беше евакуиран и затворен во текот на целиот ден, нема пријавени повредени. Според париските медиуми, крадците украле девет предмети од колекцијата накит „Наполеон и Жозефина“: ѓердан, брош, тиара и други предмети што биле изложени во витрини посветени на Наполеон и француските монарси.

Пронајдете не на следниве мрежи: