Градоначалникот на Гази Баба кон активистка: Затворете ја веќе устата!

„Затворете ја веќе устата”, со овие зборови градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и се обратил на претставничката на граѓанската О2 иницијатива додека траела дебатата во општината во која невладините и граѓанските организации барале повлекување на огласот со кој во период од 99 години ќе биде дадено земјиштето на користење за тешка индустрија.
Од иницијативата О2 реагираа на ова недолично однесување:
– Ваква ароганција, агресија и потсмевање во комуникацијата со граѓаните, особено кон жени, во повеќе годишната активност во борбата за животна средина, до сега не сме посведочиле. Да, во негово име неколку пати се извини една од советничките. Можеме да замислиме како се носат одлуките во општината, дали сите мора да ги држат устите затворени? И тоа баш во истиот период кога неговиот шеф, ги отвори 16 дена против насилството врз жените, реагираат од О2.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.