Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски донираше 60.000 денари за настраданите во Кочани.
– Како градоначалник на Општина Делчево изразувам длабоко сочувство и солидарност со граѓаните погодени од трагичниот настан во Кочани. Во овие моменти на жалост, нема зборови кои можат да ја утешат болката на семејствата кои ги загубија своите најмили.
Но, има нешто што можеме да направиме – да бидеме хумани, да покажеме солидарност и да им помогнеме на нивните семејства.
Како чин на поддршка и помош за настраданите семејства, одлучив лично од сопствени средства, да донирам 60 000 денари, со надеж дека оваа мала поддршка ќе им помогне барем малку во овие најтешки моменти. – објави на Фејсбук Трајковски.
