Градоначалникот на Скопје тврди се е според закон со членови на управните одбори, опозицијата ги спори

Премиерот не знае, градоначалникот на Скопје тврди дека е се по закон и процедура, а опозицијата го оспорува изборот на 117 в.д. членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија и установи кои се под Градот Скопје бидејќи не им ги виделе биографиите.

Изборот на новите членови во управните тела на 22 јавни претпријатија и установи Градот Скопје само до гласовите на владејачкото мнозинство во Градот Скопје, ги скара власта и опозицијата, која обвини дека продолжува праксата на поставување партиски луѓе во управните и надзорните одбори, без да се знаат нивните биографии и компетенции.

Премиерот Христијан Мицкоски на ваквата критиката од опозицијата во советот на Градот Скопје, со краток одговор.

„Не сум го слушнал ова, не сум ја слушнал таа критика“, изјави Мицкоски.
Градоначалникот на Градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за Телма пак вели дека законот, процедурите и воспоставената пракса при изборот се запазени и тврди дека опозицијата имала увид во биографиите на, сега веќе избраните, в.д. членови на управните одбори.

Тој неприфаќањето на барањето на опозицијата да биде одложено гласањето за в.д. членови и да се достават биографиите до опозициските советници во Градот Скопје, го образложи со реализација на обврските кои ги имаат јавните претпријатија.

„Бидејќи сите биографиите, на секој еден од членовите на управни и надзорни одбори е доставен на комисиите, разгледан на комисиите, усвоен на комисиите, а подоцна точката е ставена на дневен ред на седницата. Одлуката да не се пролонгира точката е поради тоа што беше неминовно во брз рок да се донесат овие предлози, да се донесат овие состави на управни и надзорни одбори затоа што имаат програми за усвојување, планови за усвојување коишто понатаму значат реализација на проекти“, изјави Ѓорѓиевски за Телма.
Според Ѓорѓиевски опозицијата со темата за изборот на управните одбори прави обид да се закочи работата на јавните претпријатија.

Градоначалникот на Градот Скопје не одговори конкретно дали меѓу разрешените членови на управните одбори имало и такви на кои мандатот веќе им бил истечен, со што на нивни места не можеле да бидат назначени в.д. член, туку според законот за нивните места мора да биде распишан оглас.

„Во наредните шест месеци ќе биде спроведен оглас на којшто ќе може да конкурира секој што е заинтересиран за тоа и кој што смета дека може да биде додадена вредност“, изјави Ѓорѓиевски.
Координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата, Катерина Цаневска Арсовска пак со став дека наместо назначување на в.д. членови на управни одбори, изминатите два месеци, колку што функционира новиот Совет, имало време да се распишат огласи за нови, наместо да се назначуваат в.д. членови на управни одбори.

„Она што ни го кажа градоначалникот е дека он гарантира за сите 117 кандидати, бидејќи ги познава лично. Од она што успеавме да го дознаеме по имињата, бидејќи гуглавме да видиме за кого се работи, се работи главно за партиски членови кои што имаат богато партиско си-ви“, вели Цаневска Арсовска.
За Цаневска Арсовска е спорно и тоа што не добиле ниту објаснување зошто се разрешени претходните членови на управни одбори, бидејќи законот предвидува во кои случаи може да биде разрешен член на Управен одбор. Таа за Телма вели дека е точно дека биографиите биле доставени до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во кои членува и опозицијата, но само на увид.

„Членовите требале да ги напишат на хартија сите 117 биографии, што е невозможно, и потоа нам да ни раскажуваат кој што и како има завршено. Оправдувањето коешто ми го кажаа мене на друга Комисија, на Комисија за прописи е дека биографиите содржеле лични податоци“, вели Цаневска Арсовска.
Цаневска Арсовска вели 20 имиња од в.д. членовите на управните одбори се поранешни членови на јавни претпријатија, претпријатија кои не покажале добри резултати во своето работење.

Тамара Грнчароска

Пронајдете не на следниве мрежи: