Градоначалникот на Центар се извини за однесувањето на комуналните редари кон жената на Буњаковец

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавноста и се извини за нехуманото и грубо однесување на редарите од Секторот за инспекциски работи во Општината.
-Од мое име, и од име на Општина Центар, се извинувам за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Веќе наредив да се преземат сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени во најбрз можен рок.
Сакам да нагласам дека ваквото однесување кон граѓаните нема да го дозволам, бидејќи и ние, избраните функционери, но и општинската администрација работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на сите жители на Центар – напиша тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.