Градоначалникот на Чешиново-Облешево е заразен со коронавирус

Градоначалникот на Чешиново-Облешево е заразен со коронавирус

Градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, е позитивен на тестот за коронавирус.

Tој тврди дека се заразил откако бил да се шиша кај сега починатиот фризер од Кочани на 23 март. Крстев засега нема никакви симптоми и се чувствува добро. Досега немал ни покачена температура. И неговата сопруга направила тест. Првиот и на двајцата им бил негативен.

Во контакт со фризерот бил пред повеќе од 15 дена. Градоначалникот направил два теста. Првиот бил негативен, но вториот покажал позитивни резултати. -Многу луѓе таму си одиме на шишање со години. Од каде да знам дека можело да биде позитивен? Бог да го прости човекот. И видете сега, тоа не е за криење, ние дури на 1 април разбравме дека е позитивен на тестот.

Докторката Јасмина Ајтовска од општината Чешиново Облешево на социјалните мрежи упати повик кон граѓаните со цел сите кои имале контакт со градоначалникот или вработените од општината да се пријават кај својот матичен лекар. Таа објава за жал веќе ја нема на профилот на докторката… Според неа има и други позитивни во општината.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Колку долго се задржува коронавирусот на заштитната маска за лице?

Сите го имаме белегот: Зошто всушност се прима БСЖ вакцината?

Словенија од вторник почнува со постепено укинување на ограничувања за коронавирусот

Радио станици на Пулс24

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.