Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид беа на увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.
-Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните со цел да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Во финалната фаза се пристапи кон изградба на улици во Стопански Двор со што се заокружува проектот на изградба во пет населени места во оваа општина, и тоа во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, каде се изгради патна инфраструктура во должина од пет километри.
-Работиме за сите да обезбедиме соодветни услови, програмска определба е во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да се дел од населените места кои до сега биле заборавени, а таа слика ја подобруваме на со градежната офанзива, за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, вели Арсовска.
Директорот на ЈП Улици и Патишта, Саид Саид на увидот истакна дека од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците кои се дел од завршната фаза на проектот, со ископ на гребен асфалт, поставување на тампон слој и пристапување кон асфалтирање со нова асфалтна маса, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Саид.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.