Денес на пладне силно невреме проследено со град ја зафати Преспа.
Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.
Јаболкопроизводителите очекуваат штетата од градот да се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.