Град ги уништи јаболката во Преспа

Денес на пладне силно невреме проследено со град  ја зафати Преспа.
Најпогодени од невремето се селата Јанковец и Избишта. Според земјоделците, градот нанел голема штета на јаболката, чија берба е во полн ек.
Јаболкопроизводителите очекуваат штетата од градот да се утврди за неколку дена. Постарите преспанци велат дека не паметат досега град да паѓал во октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.