Град Скопје ги попари медиумите: Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот

Почитувани,

Утрово како и секој друг ден од почетокот на грејната сезона сведоци сме на лажни вести кои во 21. век, во ера на информатичка технологија, кога податоците и вистината се достапни за секого може да се проверат.

Шеесет отсто од компонентите за руското оружје во Украина доаѓаат од Кина
Околу 60 отсто од странските делови за руското оружје што се користат на боиштето во Украина доаѓаат од Кина, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Владислав Власиук. -Ако ги земете сите …
Удар за Путин од срцето на Москва, „царот“ ова не го доживеал 30 години! Русите се вртат против него, сакаат да ги повлечат трупите од Украина!?
Повеќето Руси сакаат мировниот договор со Украина да биде склучен во текот на следната година, додека помалку луѓе сакаат да учествуваат во војната. Декларираната поддршка за војна опаѓа кога луѓето директно …

Имено, неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото.

Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Во реално време можете да ги следите резултатите од мерењата од сите градови и држави во светот на
https://waqi.info/

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

ГРАД СКОПЈЕ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.