Град Скопје: Само во Македонија функционер фатен во криминал, организира протести!

а жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш.

Срамота е во 21 век, во 2024 година вакви луѓе да зборуваат и да обвинуваат други за наводен расизам. Во време кога здравата животна средина е императив , да ги труеш своите сограѓани креирајќи диви депонии не е расизам туку екоцид врз сопствениот народ.

Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје.

Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.