Синоќа невреме проследено со град со големина на портокал ги погодил јужните делови на Словенија и предизвикал значителни материјални штети. Словенечкиот Национален центар за вонредни состојби соопштил дека најголема штета невремето предизвикало во Кочевје, Чрномељ, Рибница и Содражица.
Како што јавуваат љубљански медиуми биле ангажирани 79 противпожарни бригади за да му помогнат на локалното население задесено од временската непогода.
Пронајдете не на следниве мрежи: