недела, 29 ноември 2026
Најново

Грам злато денес чини 130 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цената на златото денес бележи релативна стабилност на светските пазари, со благ пораст во однос на претходните денови, и се задржува на високи нивоа поради глобалните економски и геополитички неизвесности. Според најновите податоци, цената на златото изнесува приближно околу 130–131 евро за грам или унца (31,1) грам чини 4.059 евра.

На глобално ниво, златото се тргува по цена што укажува на високи историски нивоа. Аналитичарите посочуваат дека цената е под влијание на геополитички тензии, движење на доларот и каматните стапки на централните банки. Иако во март имаше значителен пад на цените, во последните денови се забележува стабилизација и благо закрепнување на пазарот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Златото и понатаму останува сигурно засолниште за инвеститорите. Сегашната цена го позиционира благородниот метал блиску до рекордни вредности, а идните движења ќе зависат од глобалната економска ситуација.