Гранд ѕвезда згрижи бебе од 6 месеци претепано од таткото – мајката силувана, бебето целото со модринки

Морбидни сцени – таткото го давил своето бебе, има модринки по целото тело
Многумина беа во шок кога полицијата го уапси В.М. (25) од Белград кој се сомничи дека ја претепал сопругата и нивното шестмесечно бебе.

Бебето моментално се наоѓа во домот на некогашниот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд, Милан Динчиќ Динча, а неговата сопруга Јелена откри застрашувачки детали кои никого не ма да остават рамнодушен.

Гранд ѕвезда згрижи бебе од 6 месеци претепано од таткото – мајката силувана, бебето целото со модринки

„Тоа е родена сестра од мојата воспитувачка, која работи кај мене во градинка, па просто почувствував и морална должност да и помогнам. Жената веќе подолго време трпеше насилство, но и се закануваше дека сé ќе направи, па затоа и сега се плашам дека ќе го пуштат, само што го приведоа, ја добив таа информација. Таа додека ја тепаше само неа, не реагираше, но детето имаше модрици. Јас го видов тоа дете и кога ја прашав што е ова, таа ме лажеше, дека се удрило или нешто слично“, истакна сопругата на познатиот пејач, а потоа откри и дека осомничениот ја силувал девојката.


„Ноќеска, кога ја силуваше и тепаше и го давеше детето, таа почека да замине на работа, па ни се јави и отидовме во Ургентен сето тоа да го пријави. Нејзиниот сопруг е приведен“, вели Јелена за „Блиц“.
Јелена додава и дека детето било со подливи и модринки, така што решиле да го земат детето кај нив, додека мајката бидејќи била силувана морала да оди на преглед, и сега ја чекаат да се врати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.