Сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива без проблеми, по претежно суви коловози, додека интензитетот надвор од градските средини е просечен, информира Автомобилско-мотоциклистичката асоцијација на Македонија.
„Од 11:00 часот, сообраќајот за влез и излез од граничниот премин Евзони е целосно блокиран. На граничниот премин Ники (Меџитли) сообраќајот е блокиран за камиони и автобуси, додека другите возила се движат нормално.
„На граничниот премин Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемениот интензитет се очекуваат повремени застои при влез во земјата“, велат од AMCM.
The post Граничниот премин „Евзони“ е затворен за сообраќај на возила appeared first on Во Центар.



