Граѓанин отстранет од протестот на ДПМНЕ затоа што дошол со Југо

Кире С., 38 годишен физички работник од Прилеп, завчера бил спречен да учествува во блокадите што ги организираше опозицијата и да го искаже својот револт од поскапувањето на струјата, бидејќи на зборното место дошол со своето 36 години старо Југо.

– Ме замолија да си одам зошто постоела опасност Југото да ми згасне и да ги блокира другите. Како прво, од Прилеп до Скопје дојдов со истата кола и во тие 6 сати, само четири пати ми скува, а како второ, нели поентата е да блокираме улици?! – ни рече Кире во краткиот телефонски разговор.

По напуштањето на протестот, тој веднаш се упатил кон родниот Прилеп и во моментов се наоѓа пред Плетвар, каде чека шлеп служба да му помогне да се врати дома.

ТЕКСТОТ Е КОЗЕРИЈА, И Е НАМЕНЕТ ЗА ЗАБАВА!!

ПРЕЗЕМЕНО ОД КООПЕРАЦИЈА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.