Од Градска болница во Скопје денеска избркале пациент, наводно, бидејќи министерот дал некоја наредба, објви на Фејсбук синот на пациентот кој бил избркан.
Додевски за Инфомакс вели дека потребно било само да се направи преврска на пациентот, но им рекле за преврски да си одат во Велес. После кажале дека можеби утре ќе можат да му направат преврска на човекот, вели Додевски.
