СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА ПРОТИВ ГРАДОТ: Нема прекини на водоснабдувањето во Скопје во текот на утрешниот ден

Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето, информираат од ЈП Водовод и канализација.

– За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.

Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење, соопштија од претпријатието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.