Министерот за надворешни работи Никола Димитров со апел до македонските граѓани да не патуваат!
-Ве молам немојте да патувате! Македонски граѓанин кој утре ќе реши да оди некаде, неизвесно е кога ќе се врати, рече тој.
Апелираше и македонските граѓани кои живеат во странство, во овој кризен период да не се упатуваат во татковината. Порача да ги следат упатствата на тамошните Влади.
Потврди дека деновиве имало наши сограѓаните заглавени на аеродромите, а една група од 200 македонски граѓани со комуникација со Романија и Бугарија биле извлечени и утре би требало да се вратат дома. Но, министерот вели дека не можат да влијаат врз одлуките на другите земји и нивните одлуки на граничните премини.