Граѓаните што се сликале за пасош во „Пролет“ и МРТВ ќе бидат известени преку СМС-порака кога да одат да го подигнат


Оваа пракса ќе важи исклучиво за граѓаните што се фотографирале на овие два пункта, а оние што се фотографирале на другите пунктови во Скопје или во другите градови готовите пасоши ќе ги подигнуваат на ист начин како и досега

Граѓаните што се фотографирале за нов пасош на пунктовите во Полициската станица „Пролет“ или во МРТВ во Скопје, од понеделник (19 февруари), преку СМС-порака ќе бидат информирани од МВР дека пасошот им е изготвен за да може да го подигнат.

Пунктот за фотографирање за лични документи во Полициската станица „Пролет“ во Скопје

Оваа пракса ќе важи исклучиво за граѓаните што се фотографирале на овие два пункта, а оние што се фотографирале на другите пунктови во Скопје или во другите градови готовите пасоши ќе ги подигнуваат на ист начин како и досега. Според МВР, на овој начин ќе се олесни процесот на подигнување на готовите пасоши.

Дополнително, како што посочуваат оттаму, на веб-страницата на Министерството (mvr.gov.mk) граѓаните ќе може да проверат дали нивниот пасош е изготвен.

„Ги молиме граѓаните, доколку немаат добиено СМС-порака или доколку на интернет-страницата на МВР нема потврда дека нивниот пасош е изготвен, да не доаѓаат во објектот на МРТВ затоа што тоа значи дека нивниот документ не е готов“,

велат од МВР.

Со цел олеснување на процесот на издавање на личните документи, МВР кон крајот на јануари извести дека преку полициските станици во Скопје ќе ги доставува готовите лични карти и возачки дозволи на домашна адреса на граѓаните во главниот град.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: