Граѓаните ќе имаат увид за што се троши Буџетот

Од денес со промовирањето на веб-апликацијата  од страна на Министерството за финансии на граѓаните увидот во Буџетот на Република Македонијана ќе им стане подостапен. Тоа би значело дека на едноставен начин можат да видат на што ќе се трошат буџетските пари. Веб-апликацијата е изработена од победниците на ФинХакатонот кој  во Министерството за финансии се одржа во текот на летото.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски на денешната презентација излезе со тврдење дека  Граѓанскиот буџет на Македонија е убедливо најдобар не само во регионот, туку и пошироко.
– Тој дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки. Има и јасен приказ колкав удел имаат одделните расходи во буџетот. На овој начин граѓаните добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење – истакна Тевдовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.