Поевтини производи од следната недела. Работната група во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, ја крои есенската кошница и до крајот на денот ќе прави пресметки, а до понеделник ќе одлучи каков предлог ќе достави до Владата. Според најавите од министерот за економија, во понеделник ќе соопштат дали ќе има замрзнување на цените или ограничување на маржите како и кои производи ќе поевтинат а, Владата треба да го изгласа во вторник на седница.
„Денеска рабоотната груба од министерството за економија, земјоделие и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.
Владата веќе ги ограничи маржите на школскиот прибор, а на листата поевтини 100 производи се очекува да бидат основните прехранбени производи, овошјето и зеленчукот .Покрај есенската кошница, се подготвува и пролетна кошничка.
Ваквите мерки, според Владата ќе помогнат за стабилизација на цените и ќе се превенира висока стапка на инфалција. Според официјална статистика, во авугст инфлацијата била 2,2 отсто. Во однос на јули, во август има зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци за 1,2 отсо.