Граѓанските протести во Србија продолжија и синоќа

Ниските температури и снегот не ги спречија београѓани синоќа да одржат нов голем протест. Партиски обележја немаше, а протестот се одржа под слоганите „Еден од петте милиони“ и „Стоп на крвавите кошули“.
Иакао најавен како непартиски, на протестот и овој пат учествуваа претставници на речиси сите опозициски партии во Србија. На досегашните протести имаше помеѓу 25.000-35.000 граѓани.
Барањата на организаторите на протестите остануваат исти – расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ, откривање на сторителите на нападите врз новинарите и опозициските личности, како и опозицијата да добие пет минути простор во Дневник на РТС. Ново е тоа што минатата сабота на овие барања беше додадено и тоа за смена на министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.