На социјалните мрежи кружи покана за „Масовно оставање на „трето дете“ пред Влада. На 11 ноември во единаесет часот се повикуваат сите родители и засегнати од новата мерка Укинување на додатокот за трето дете кој како што најави власта, сега е трансвормиран. Имено сега за трето дете државата ќе доделува околу шеесет илјади денари еднократна помош, додека порано родителите месечно добиваа осум илјади денари секој месец. Револтираните граѓани сакаат да и упатат јасна порака на власта и министерката Царовска дека не се согласуваат со оваа одлука.



