Грејаното вино со цимет е пијалок кој ги носи мирисите на зимата, топлината на домот и духот на празничните вечери.
Додека виното полека се загрева , а циметот ја ослободува својата арома, просторот е исполнет со пријатни, смирувачки ноти кои повикуваат на релаксација и дружење. Овој пијалок е совршен за студените денови, бидејќи го загрева телото и ги буди сетилата, претворајќи ја секоја голтка во мал ритуал на уживање .
Состојки:
200 мл црвено вино
две парчиња портокал
малку цимет
анасон
Подготовка:
Сипете го виното во тенџерето и пред да зоврие, додадете ги останатите состојки. Тргнете од оган и оставете го да отстои покриено некое време, а потоа сипете во чаши.
The post Греено вино со цимет: Идеален пијалок за студени денови – ја загрева душата и телото appeared first on Во Центар.



