Гренланд спремен да ѝ подаде рака на Америка! Трамп дојде на островот и го крена целиот свет на нозе, снимени се неверојатни сцени! „Сите треба да го почитуваат ова“ (фото)

Гренландскиот премиер Муте Егеде изјави во петокот дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој рече дека сака контрола на арктичкиот остров и повика на почитување на аспирациите на островот за независност.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, ја опиша американската контрола врз Гренланд, полуавтономна данска територија, како „апсолутна неопходност“.

Тој не ја исклучи потенцијалната употреба на воени или економски средства, вклучително и тарифи против Данска.

На прес-конференција во Копенхаген, на прашањето дали имал контакт со Трамп, Егеде одговори: „Не, но ние сме подготвени да разговараме“.

Данската премиерка Мете Фредериксен, која исто така се обрати на прес-конференцијата, во четвртокот рече дека барала средба со Трамп, но не очекувала тоа да се случи пред неговата инаугурација.

Дом на 57.000 луѓе, Гренланд беше данска колонија до 1953 година, но сега е самоуправна данска територија. Уште во 2009 година со гласање го обезбеди правото на независност.

САД одржуваат воена база во северниот дел на стратешки важната територија.

Егеде ги истакна аспирациите на Гренланд, велејќи:„Имаме желба за независност, желба да бидеме господари на нашата куќа…

Ова е нешто што секој треба да го почитува. Но, тоа не значи дека ги прекинуваме сите врски, секоја соработка и сите односи со Данска“, рече тој и додаде дека Движењето за независност зема замав во последните години, за што зборуваше во својот новогодишен говор.

Синот на Трамп на Гренланд најмил бездомници да му бидат поддржувачи?

Доналд Трамп Јуниор, син на новоизбраниот американски претседател, и неговите пријатели наводно регрутирале луѓе во Гренланд за да се преправаат дека се поддржувачи на Трамп во замена за бесплатен ручек во скап хотел.

Данското радио ДР објави дека од повеќе извори слушнало дека во видео материјалите, снимени за време на кратка посета на Гренланд, може да се забележат бездомници и други луѓе кои често се задржуваат пред продавницата која е веднаш до хотелот.

,,Тоа се бездомници и стари луѓе кои наеднаш јадат во ресторан каде што никогаш досега не биле“, изјавил за ДР долгогодишен жител на главниот град Нука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.