Филмот „Тома“ за животот и успесите на пејачот Тома Здравковиќ, во режија на Драган Бјелогрлиќ, досега го погледнале речиси 5 милиони гледачи, како во кината каде се бараше билет повеќе, така и на малите екрани каде што премиерно беше прикажан на првиот ден од новата 2022 година.
Публиката ги гледаше маѓичните сцени кои иако на романтизиран начин ја опишуваат животната приказна на овој голем боем и музичар, а која ја смислија најдобрите млади актери на српската актерска сцена, па речиси никој не забележа голема грешка која му се протнала на целиот тим кој работеше на филмот.
Големата пејачка и пријателка на Тома Здравковиќ, Лепа Лукиќ, чиј лик во филмот го глуми младата актерка Оливера Бачиќ, ја истакна грешката.
Имено, песната „Srce je moje violina“ во изведба на Лепа не е напишана во времето или годината кога наводно била изведена во филмот на една од опишаните турнеи, тврди оваа пејачка.
„Убаво е што песната „Violina“ е во филмот, но излезе подоцна. Тогаш на турнејата ја пеев „Od izvora dva putića“. За тоа знаеше и композиторот на филмот, им кажав дека е грешка, но Бјелогрлиќ инсистираше песната да биде изведена во филмот за негова душа“, потврди Лепа Лукиќ за домашните медиуми.