Грешка кај нанесување спреј за сончање, поради која ниту фактор 50 нема да делува

Ако користите спреј со заштитен фактор за заштита од штетните сончеви зраци, важно е да знаете правилно да го нанесете за да може да делува.
Имено, повеќето луѓе не нанесуваат спреј за сончање во доволна количина која е потребна за да нè заштити. Спрејот е неопходно да се нанесе обилно, односно додека не престане да биде видлив на кожата, втријте го и почесто нанесувајте од него.


„Од спрејот треба да прскате околу шест секунди за да се нанесе доволната количина. На пример, ако фактор 45 нанесувате само 2-3 секунди, реално добивате заштита 10 до 12“, напоменува њујоршкиот дерматолог Раман Мадан. Се препорачува и комбинирање на лосиони и спрејови за сончање, кој на многумина им е попрактичен за употреба на плажа. Лосионот нанесете го дома, а на плажа обновете ја заштитата користејќи спреј и така на секои два часа.
Кога станува збор за заштита на лицето, спрејот за сончање никогаш не треба да го нанесувате така што ќе го испрскате директно на лицето, со што би избегнале вдишување. Нанесете спреј обилно на дланките, а потоа втријте го на лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.