Раце полни антибиотици не ви се потребни. Сè може лесно да се спречи доколку бидете малку повнимателни.
Поголемиот дел од жените не се бришат по мокрењето на правилен начин и поради тоа често знаат да патат од уринарни или вагинални инфекции.
Од анусот кон вагината? Не, никако!
Истражувањето на страницата „Tap Warehouse“ покажува дека една третина од Британките не користат тоалетна хартија како што треба. Дури 33 отсто од жените изјавиле дека се бришат од позади кон напред. Додека оваа метода не е нормална за мажите, жените така можат да добијат некоја лоша инфекција.
„Женската уретра и анусот приближно блиску се стационирани, затоа најдобро е да се бришите од предната страна кон задната. Во спротивно лесно можете да ги пренесете фекалиите од анусот во уретрата што може да предизвика инфекција на уринарниот тракт“ – објаснува д-р Лук Поулс.