Грешка која речиси сите ја правиме во лето: зошто не треба да пиете ладна вода од фрижидер?

Но, зошто е штетно да пиете премногу ладни пијалаци кога надвор се високи температурите?
Факт е дека кога ви е жешко, со душа чекате да се напиете ладна вода од фрижидер или ладен сок.
Научниците тврдат дека ладната вода ја забавува хидратацијата на организмот и кога се високи температурите потребно е да пиете пијалаци на собна температура затоа што нив организмот ги апсорбира побрзо.
Ако пиете ладен пијалак веднаш по оброкот, постои можност да настинете. Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите подобрување во варењето на храната и ќе се чувствувате подобро во своето тело по јадењето.
Пиење топол чај исто така има предности затоа што ќе поттикне потење и на овој начин ќе ве разлади, но постои трик: топлиот пијалак ќе ве разлади сако ако надвор не е високо нивото на влага, односно кога воздухот е сув.
Ефектот ќе биде уште подобар доколку носите облека од природни материјали која овозможува испарување на потта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.