Според вас, која е најголемата грешка која жените ја прават во врската? Ви претставуваме неколку:
1. Не се средува повеќе
По периодот во кој однапред размислувала за комбинацијата со која ќе го остави својот дечко без здив, доаѓа период на тренерки, дамки од јадење на маицата и природна убавина, т.е. не посветување на внимание за себе, па ни за него. Доколку девојката нема ништо против дечкото да ја гледа само како предмет кој го посакува, тогаш ни на нему тоа не би му пречело. Она што сакаме да го кажеме е дека од време на време девојката треба да го изненади, а и таа ќе се чувствува подобро.
2. Љубомора и забрани
Од оние “неможе да гледаш лига на шампиони, затоа што Хурем повторно почна да напаѓа во харемот“ до тоа да се лути секогаш кога ќе сакате да излезете надвор со другарите. Ако девојката не сака нејзиниот дечко да биде еден од оние кои ќе ја опишува како комбинација на чудовиште и змеј-малку треба олади. Впрочем, ни него не му е пријатно кога девојката ќе излезе со другарките (иако никогаш нема тоа да го признае).
3. Веќе не поминувате време заедно
Поминувањето заедничко време по дома не е секогаш најубаво, а за добра врска повремените заеднички излегувања се неопходни. Но, ако тие станат како Божиќно утро-магични, но еднаш годишно- време е за промена.
4. Очекуваат да размислува како жена и да чита мисли
Ваквите очекувања не се само бескорисно губење време,туку и главна причина за тензии. Мажите им создаваат забуни на жените, а тие пак не ги разбират мажите. Така било, така и ќе биде. Од овие причини комуникацијата и компромисот се многу важни.
5. Се обидуваат да го променат
Немојте да се трудите, освен ако дечкото се облекува смешно како турбофолкер или ако се работи за ситници кои ти одат на живци. Некои особини не можат да се променат. На девојките им преостанува да го прифатаат онаков каков што е или да побараат нов. Мало потсетување па ни девојката не е во секоја ситуација “материјал за мажење“.
Извор: Index.hrСпоред вас, која е најголемата грешка која жените ја прават во врската? Ви претставуваме неколку:
1. Н