Топ моделот Ешли Грејм, позната како една од „полничките манекенки“, жестоко го возврати ударот кога почнаа да се подбиваат со нејзината тежина. Откако следач на Инстаграм ја нарече „дебела и вештачка манекенка“, таа одлучи да објави серија видео коментари, со кои ги посочува своите аргументи и објаснува зошто надворешниот изглед не е најважен.
Меѓу другото, таа објави и неколку фото-колажи со коишто сакаше да се спореди со послабите манекенки.
– Малку е грозно ова што објавувам „глупави“ колажи за „вистинските“ и „дебелите“ манекенк, но тежината, бојата на кожа и косата, верата, ништо од ова не одредува дали си вистинска или вештачка, напиша Ешли во еден од коментарите.
Натаму, таа ги советува младите девојки „да ги следат своите сништа и надежи“, и да не обрнуваат внимание на „инстаграм губитниците“ кои не успеале во тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.