Гризман во Барселона стигна од Атлетико Мадрид во 2019 година за 120 милиони евра и бараше да го носи омилениот број, а каталонската екипа се согласила да му го додели бројот седум.
Меѓутоа, во првата сезона Гризман играше со број 17, а „седмицата“ му припадна на Филипе Кутињо и токму тогаш била прекршена клаузулата од нивниот договор.
Французинот не се прослави на „Камп Ноу“ и си замина од Барселона, а оваа сезона за Атлетико постигна шест гола и осум асистенции на 24 меча.