ГРОМ бара докази дали пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски навистина има валидно универзитетско образование

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка и советничка во Совето на општина Карпош Добрила Андоновска од Собранието на Македонија побара информации од јавен карактер поврзани со образованието на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, Тони Јаревски.

Навистина многу се говори во нашето општество за штанцање на дипломи и звања на луѓе кои никогаш не стапнале на факултети и школи. Можеби е време да се направи ревизија на сите дипломи, посебно на носителите на јавни функции…
Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното
Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Според …
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права. …

„Ова го бараме од причина што кај одреден број граѓани што нѐ гласаат, постои основано сомнение за невалидни дипломи за стекнато факултетско образование. Ценам дека без разлика на кое ниво на власт ги претставуваме граѓаните на нашата општина, треба да сме крајно транспарентни и да бидеме со високи морални квалитети. Очекуваме дека во најбрзо време ќе ја добиеме потребната информација од Собранието“ рече Андоновска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.