Груби: Законот за јазици обезбедува мир и добри меѓуетнички односи

Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи, вели пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците за ТВ“Сител“.
– Не е примено мислењето на Венецијанската, но какво и да е, ние ќе го почитуваме. Во оваа драфт верзија, Комисијата ги поздравува унапредените јазични права и изразува загриженост само во делот на цената на чинење на неговата имплементација. Цената на мирот на еднаквоста и меѓуетничките подноси е неспроведлива со симболичната цена на имплементација на еден закон со кој всушност се заокружува Охридскиот договор. Комисијата го поздравува и дава позитивно мислење за употреба на албанскиот јазик кај партиите и униформите – вели Груби кој смета дека законот е сосема применлив во пракса.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.