Груевски вечерва не го исклучија од партија

Како што тргна со исклучувањето вечерва Мицковски и Николовски арно не го поткачија и Груевски. Очигледно сеуште им е во милост или ќе го чуваат како Англиска кралица. Како и да е во моментов на триумфализмот кога се редеа имињата на исклучените го немаше и онаа на Груевски. Наводно по партиската истрага утврдиле дека не учествувал во заговорот кој му е припишан на Заев и Мијалков. 
Мошне чудно е што сите знаат дека Мијалков работеше „напорно“ да ги убеди делегатите во корист на Мицковски и прати свои екипи насекаде низ Македонија да ги собираат потписите и со своето јасно видливо присуство овозможи Мицковски да нема противкандидат. Дали е ова само една фарса, извлекување на ранетите како во филмот Неретва секако ќе се дознае. Ден поскоро…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.