Груевски: во затвор требаше да бидам ликвидиран!

Груевски денеска доби азил во Унгарија. За тоа не извести преку неговиот фејсбук профил. Меѓутоа во статусот има и обвинувања дека требало да биде ликвидиран во Шутка, па затоа бил приморан да избега.
Еве делови од статусот:
Посочив и приложив конкретни примери дека во Република Македонија непостојат услови за фер и законски судски процес, ниту пак начин во една ваква атмосфера на политичка хајка од страна на владата да го заштитам мојот живот од бројните закани кои ми беа упатени.
Во Македонија се соочив со судии кои за секое мое или на мојата одбрна барање, чекаат инструкции како да одлучат од владата или од специјалниот јавен обвинител, од кого и самите судии се плашат, и кого го гледаат како преставник на актуелната влада.
Посебно ги објаснив неколкуте фундаментални прекршувања на законите, меѓу кои, спротивно на закон користењето на нелегално стекнати аудио матерјали кои под надворешен притисок судот ги прогласи за легални, користењето на копии кои не се споредени со оргиналот како докази врз основа на кои се носат пресуди, користењето на вештаци кои спротивно на закон прават вештачења без лиценца за вештачење, флагрантното кршење на законот за приватност и игнорирањето од страна на судот на сето ова, работењето на македонските судови спротивно на праксата на судот во Стразбург, како што е примерот со отфрлањето на актите за прекин на постапка издадени од страна на Претседателот на Македонија во два конкретни случаи, и нивно прифаќање во земја членка на ЕУ, недавањето можност и доволно време за подготовка на одбраната преку свесно набивање на судења секој ден, понекогаш и по цели денови, издаденото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација која наведе дека сум предмет на директна дискриминација од страна на судијата Добрила Кацарска и од страна на Основниот суд Скопје 1, објавувањето на пресудата за случајот ,,Тенк,, во смисла дека ќе бидам прогласен за виновен, од страна на актуелниот премиер околу 10 дена пред судијата да ја објави одлуката, и огромен број други факти и докази кои ги образложив и од кој се состави огромен записник од над 30 страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.