Груевски ги остави на цедило најблиските соработници со кои се заедно по судовите

Вечерва со реакција и осуда се јавија некогашните најблиски соработници на Груевски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска. Тие на времето важеа за негова лева и десна рака. Што беше Груевски тоа беа и Миле и Гордана. Едноставно беа недопирливи, супермоќни.
Ги држеа долги години најбитните ресори за Груевски да може да ги има во раце полугите на моќта. Миле го имаше транспортот, Гордана полицијата. Беа недопирливи поради ова за критика. Никој не смееше да каже збор за глупостите во Центар на Миле со лифтовите. Веднаш ќе го ДЕАЖУРИРАА… За Гордана да не говориме. Имаше се на дланка. Според наши информации не се излезени на површина ни десетина од работите во МВР. А одозгора и во нејзино време се ПРИСЛУШУВАЛО НА АНГРО, па дури и им ги украдоа и изнесоа разговорите. 
Да имаше во ДПМНЕ можност за критика и позитивна селекција на кадри веруваме дека овие ликови немаше да стигнат ни до претседатели на месни комитети. Па сепак беа на врвот скоро десет години. И го повлекоа од врвот на дното Груевски. Е ама сега Груевски е осуден и е во бегство. А тие се беа пасоши. Одозгора на тоа имаат редици судења и предмети. Како што вечерва најави Катица ќе има и барање за притвор…

Богами тажен крај на лажната империја. Се растури како кула од карти штом ги снема апаратот за закана и принуда…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.