Груевски го нема никаде!

Утринава сеуште не се пријавил во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна поранешниот премиер Груевски. А го немало ни во Собрание каде што се расправа за амандманите за промената на Уставот. 
Тој не се појави на Комисијата за уставни измени, каде денеска се раправа за третиот нацрт-амандман во втората фаза од процесот за уставните измени. Груевски претходно побара одложување на затворската казна токму поради обврските поврзани со работата на оваа комисија.
Токму поради ова на големо почнаа да се шират шпекулации каде е Груевски?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.