Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговори на обвинувањата на Христијан Мицкоски дадени во интервју за германскиот медиум ФАЦ.
Во продолжение, објавата на Груевски на Фејсбук:
– Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања:
- Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум,
- Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата.
Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка. – напиша Груевски на Фејсбук.
Претходно Мицкоски обвини дека Груевски имал „валкан дил” со Владата за поделна на ВМРО-ДПМНЕ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.